| Јавна презентација на физибилити студија и основен проект-Бучим |
|
|
На 17.02.2009, во Клуб на Пратеници, Скопје, проектот Хот Спотс одржа презентација на физибилити студија и основен проект за мерки за заштита на води -Рудник Бучим. На овој настан, помеѓу останатите, присуствуваа и г-дин. Неџати Јакупи, Министер, МЖСПП и г-ѓа Марије Маесен, Прв секретар на амбасадата на Кралство Норвешка во Македонија.
Во името на Министерството за животна средина и просторно планирање се обрати Министерот г-дин Неџати Јакупи, со краток осврт за Регионалната програма за решавање на приоритетните еколошки жаришта.
"Главна цел на програмата е да се постигне подобрување на состојбата на животната средина и подобар квалитет на живот на локалното население по пат на реални мерки на расчистување на еколошките жаришта на терен, подобрување на дијалогот за политиките на национално и локално ниво и по пат на зајакнување на секторот на професионални услуги во областа на заштитата на животната средина. Ова е еден од најголемите Регионални програми во областа на заштитата на животната средина", рече Министерот Јакупи пред да додаде дека МЖСПП како и тој самиот активно ќе се вклучат во имплементацијата на овој проект и уште еднаш да делува во улога на носител и сериозен партнер во решавањето на проблемите кои произлегуваат од ова еколошко жариште.
На презентацијата, во име на УНДП, г-дин Владимир Сравриќ, Хот Спотс проектен менаџер, даде вовед за реализираните и предвидените активности на проектот, нагласувајќи дека покрај донацијата од страна на Кралство Норвешка, значаен финансиски придонес има дадено МЖСПП како и Рудник Бучим. По завршувањето на дискусиите, г-дин Ставриќ го затвори состанокот подвекувајќи ги следните заклучоци: 1. Организирање состанок помеѓу Рудник Бучим, УНДП и МЖСПП, за да се договори процедурата за изнаоѓање додатни финансиски средства за имплементација на Варијанта 2.2. 2. Варијанта 2.2. е прифатлива за сите заинтересирани страни и треба да се направат додатни напори истата да се заврши најдоцна до средина на декември 2010 година. |
| < Претходно | Следно > |
|---|
Целта на 30 месечната програма е подобрување на состојбата на животната средина и квалитетот на живеење на граѓаните кои живеат во и околу загадените области на нај економичен начин.
Македонија