EnglishMacedonian
Презентација на физибилити студија и основен проект за мерки за заштита на води- Рудник Бучим ПДФ

dsc05036.jpgНа 12 февруари 2009 год., во просториите на Рудници Бучим, а во организација на проектот Хот Спотс на УНДП,  г-дин Табаков, генерален директор на БТ Инжинеринг, оддржа презентација на физибилити студија и основен проект за мерки за заштита на води-Рудник Бучим. 

 

Цел на состанокот беше презентација и објаснување на клучните резултати од студијата и варијанта 2.2 како техничко решение за мерки за заштита на води и управување со води. Оваа варијанта во себе вклучува екстракција на бакар од отпадни води по пат на сорпција, што воедно ја прави економски исплатива и оддржлива. Воедно, оваа варијанта е идентификувана како нај соодветна од страна на УНДП Хот Спотс и Управата на Бучим.

Сепак, беше забележано дека варијанта 2.2 од дизајнот е истовремено и нај скапа и дека треба да се премости недостигот на средства кој изнесува приближно 1.3 милиони евра. Во таа насока, г-дин Владимир Ставриќ, УНДП Хот Спотс проектен менаџер, рече дека и покрај тоа што оваа варијанта е скапа, додатната инвестиција од 1.3 мил.евра би се оправдала во наредните неколку години, затоа што процесот предвиден со варијанта 2.2 би бил во склоп со законите во Р. Македонија и во зависност од движењето на цените на бакарот на светската берза, би се извекла корист од екстракцијата на бакарот, за да во најмала рака се искористат за самоодржување на системот. Во спротивно, годишните трошоци за пумпање на водата во системот би изнесувале приближно 80.000 евра.        
 
< Претходно   Следно >
experts_logo.png

За проектот

Целта на 30 месечната програма е подобрување на состојбата на животната средина и квалитетот на живеење на граѓаните кои живеат во и околу загадените области на нај економичен начин.karta_mala.gif Vrbas ugljevik tuzla mojkovac bajza Trebca Lojane Bucim

albania-bajza.jpg Бајза - Албанија
Прочистување на складиште со токсични отпадни хемикалии
bih-tuzla.jpg Тузла - БиХ
Намалување на загаденоста на воздухот 
bih-ugljevik.jpg Угљевик - БиХ
Системи за деминерализација и декарбонизација
macedonia-bucim.jpg Бучим - Македонија
Превенција од понатамошно загадување
macedonia-lojane.jpg Лојане - Македонија
Отстранување на опасен отпад
montenegro-mojkovac.jpg Мојковац - Црна Гора
Прочистување на јаловиште
serbia-vrbas.jpg Врбас - Србија
Конструкција на главен колектор на отпадни води
kosovo_artana.jpg Трепча, Артана - Косово
Анализи на локацијата 
kosovo_stari_trg.jpg Трепча, Стари Трг - Косово
Анализи на локацијата 
You are here  :Регионална канцеларија arrow Македонија