EnglishMacedonian
Студиска турнеја, Бугарија ПДФ

sp_a0144.jpgПроектот на УНДП Хот Спотс (Еколошки Жаришта) организираше студиска турнеја во Бугарија од 3-5 Декември 2008 год., за претставниците од рудници Бучим, општина Радовиш и Министерство за животна средина и просторно планирање. 

 

Беа посетени еден рудник за бакар и една пречистителна станица. Овие инсталации беа избрани поради сличностите со планираните интервенции во рудници Бучим. Од голема корист беше и посетата на министерството за економија и енергија на Бугарија како и состанокот со директорот на директоратот за природни ресурси и концесии, поради тоа што учесниците се здобија со корисни информации за административното и организациското уредување, финансиските импликации и солуции по однос на историскиот отпад (рудници) во земја членка на ЕУ, која е во процес на хармонизација на законодавството.
 
< Претходно