| Написи во медиумите |
|
|
КАНАЛ 5 ТВ, 25.10.09 ТВ КОБРА, ТВ ФЕСТА, ТВ ЕМИ, МИА, СИТЕЛ ТВ 15.03.2010 Новинарска работилница на тема известување од областа за животна средина Kратка содржина: Во рамките на проектот на УНДП Жешки Точки, се одржа работилница за новинари што известуваат за прашања од областа на животната средина, на која се дискутираше за состојбата со загадувањето во рудниците Бучим и Лојане, како и активностите што се преземаат во насока на одржливо чистење и управување со загадувањето. ТВ КОБРА, ТВ ФЕСТА, ТВ ЕМИ 09.03.2010 Обука за образовни институции за значењето на индустриското влијание врз животната средина и здравјето на луѓето Kратка содржина: Во рамките на проектот на УНДП Жешки Точки се одржа обука за професорите од основните училишта и градинките од Радовиш. Со оваа обука беа опфатени професори од сите училишта и градинки во Радовиш. На обуката беше презентиран начинот како професорите да им го пренесат значењето за здрава и чиста животна средина на учениците, преку интерактивни предавања и вежби. ТВ КОБРА, ТВ ФЕСТА, ТВ ЕМИ 15.02.2010 Обука за иницијативи и кампањи за заштита на животната средина Kратка содржина: Македонскиот зелен центар од Скопје, Центарот за локален развој од Радовиш и Здружението на жени интелектуалки од Липково, во склоп на проектот на УНДП Жешки Точки спроведоа активност поврзана со зајакнување на капацитетот на локалните здруженија на граѓани за спроведување на Иницијативи и кампањеи за заштита на животната средина. На обуката земаа учество 20-тина претставници од Здруженија на граѓани од Општините Радовиш, Липково, Ресен и Штип. ТВ КОБРА, ТВ ФЕСТА, ТВ ЕМИ 01.02.2010 Обука за даватели на примарна здравствена заштита Kратка содржина: Македонскиот зелен центар од Скопје и Центарот за локален развој од Радовиш во склоп на проектот на УНДП Жешки Точки спроведоа активност поврзана со подигнување на јавната свест за животна средина како и јакнење на капацитетите на граѓаните. Наменета е пред се за давателите на примарна заштита заради ефективна превентивна и заштита на здравјето на населението поврзано со индустриските загадувања врз животната средина, негативните ефекти врз здравјето на луѓето кои ги предизвикуваат тешките метали од опасниот отпад, медицинскиот отпад, јонизирачко зрачење и електромагнетно зрачење. ТВ КОБРА, ТВ ФЕСТА, ТВ ЕМИ 07.12.2009 Планирачка работилница за проектот Жешки Точки Kратка содржина: Се одржа планирачка работилница во организација на Македонски зелен центар од Скопје, Центар за локален развој од Радовиш и Асоцијација на жени интелектуалки од Липково. Целта на оваа работилница беше да се соберат сите заинтересирани страни од Липково и Радовиш кој се под директно влијание на ефектите од загадувањето од рудниците Бучим и Лојане и заеднички да подготват план на активности, задачи и работни материјали како да се намалат ефектите од загадувањето. КАНАЛ 5 ТВ, 07.12.2009 Се стави крај на 30 годишната еколошка голгота на четири радовишки села Kратка содржина: Со потпишување на договорот за реализација на проектот тежок 1,5 милиони евра, чии финансиери се рудникот Бучим, Холандската Влада и УНДП, се стави крај на 30 годишната еколошка голгота на над илјада жители од четири радовишки села. Рудникот за бакар и злато Бучим стартува со работите за прочистување на водите на реките Крива Лакавица и Тополница, тотално загадени од рудниот отпад од флотациониот процес на преработка на бакарната руда. Линк: http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=54692 КАНАЛ 5 ТВ, 19.10.2009 Бучим нема веќе да ги загадува околните реки Kратка содржина: Се стартува со поставување на повеќе пати најавуваниот цевковод, со кој ќе се реши проблемот со отпадните води од преработување на рудата и јаловината. Со ова, како што во неколку наврати за овој голем еколошки проблем во радовишко информираше Канал пет, конечно ќе се стави крај, на децениското континуирано загадување на околните реки Крива Лакавица и Тополница , како и на обработливата земја. Инвестицијата вредна половина милион евра е поддржана од УНДП и инвестицискиот фонд на Бучим. Линк: http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=54493 УТРИНСКИ ВЕСНИК, 24.09.09 Бучим ќе ги прочистува загадените води Kратка содржина: Во „Бучим“ кај Радовиш почнаа работите за прочистување на сите води што се загадуваат од историскиот тридецениски отпад складиран во близина на рудникот за бакар. Проектот вреден 1,5 милион евра го имплементира УНДП, при што еден милион евра во вид на техничка помош ги обезбедува владата на Холандија, а половина милион евра се влог на рудникот „Бучим“. Линк: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BAAC1547D2770046ACD08D5DD97A88D4 ВЕЧЕР, 30.04.2009 Ќе се чисти отпадот од Бучим и Лојане
Kратка содржина: Рудниците Бучим и Лојане, кои се еколошки жаришта во земјава, ќе се ревитализираат со средства од Кралството Холандија. Станува збор за 2,1 милони долари, од кои 80 проценти се предвидени за чистење на историски отпад и за спречување на тековниот отпад на рудниците, а еден дел од средствата се наменети за јакнење на капацитетите и за зголемување на јавната свест. Според Владимир Ставриќ, национален координатор на проектот за ремедијација на еколошки "жешки точки" на УНДП "Одржливо чистење и управување со загадувањето во рудниците Бучим и Лојане", историскиот отпад е остаток од претходниот систем, а во времето на приватизација и во периодот на издавање концесии за руднички операции, не е водено сметка за овој вид отпад. ГЛОБУС МАГАЗИН, 06.01.09 Kратка содржина: ’Бучим‘ инвестираше во своето производство и во развојната програма и имавме и закажани проекти, кои требаше да бидат потпомогнати и од ’Бучим‘, како што е донацијата од Холандија и УНДП која, заедно со средствата од рудникот, изнесува 1,5 милион евра и треба да се употреби за еколошко средување на рудникот и на реката кон Дамјан, односно за уредување на јаловиштето и создавање чиста средина. Општината има извонредна соработка со менаџерскиот тим на рудникот во последните четири години и верувам дека по мирувањето, сепак, луѓето ќе бидат вратени на работа. Линк: http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=4597E55612CE6E44919FFCC090910AE0 МИА, 29.04.2008 Наталожено загадување од рудниците - тема за дискусија во рамките на проектот еколошки жаришта Kратка содржина: Владимир Ставриќ, национален координатор на проектот за ремедијација на еколошки „жешки точки“ изјави дека историскиот отпад е остаток од претходниот систем, а во времето на приватизација и во периодот на издавање концесии за руднички операции не е водено сметка за овој вид отпад. Проектот „Hot Spots“ финансиран од Кралството Холандија и имплементиран од УНДП, во Македонија се однесува на рудниците Бучим и Лојане, а основна цел е да се заштити животната средина од загадување. Финансиската конструкција е 2, 1 милони долари, од кои 80 отсто се предвидени за чистење на историски отпад и за спречување на тековниот отпад, а еден дел од средствата се наменети за јакнење на капацитетите и за зголемување на јавната свест. ДНЕВНИК, 13.03.2008 Бучим доби 1,2 милиони американски долари за екологија Kратка содржина: Радовишкиот рудник за бакар „Бучим“ ќе се справува со загадувањето, со донација од 1,2 милион американски долари од Кралството Холандија. Донацијата е преку Програмата за развој на ООН (УНДП), а во координација со Министерството за животна средина. Првите ефекти од проектот се очекуваат по две години. За таа цел, вчера во „Бучим“ беше потпишан Меморандум за соработка на проектот. Меморандумот го потпишаа претставничката на УНДП, Мариа Луиза Силва Мехиос, и генералниот директор на „Бучим“, Василиј Барутскиј, во присуство на холандската амбасадорка во Македонија, Симоне Филипини, и на радовишкиот градоначалник, Роберт Велков. Линк:http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=F0CB6EE9D611954882B43DB74F126FE4&arc=1 ВЕЧЕР, 13.03.2008 Потпишан меморандум за соработка помеѓу УНДП и Бучим Kратка содржина: Вчера во Радовиш беше потпишан меморандум за соработка помеѓу УНДП и рудникот Бучим. Меморандумот го потпишаа постојаниот координатор на Обединетите нации и постојан претставник на УНДП во земјава Мариа Луиса Силва Мехијас и генералниот директор на Бучим, Барутскиј. Инаку, потпишаната соработката на рудникот со УНДП, е дел од реализацијата на проектот "Одржливо управување и справување со загадувањето во рудниците Бучим и Лојане", кој има за цел да ги испита и подобри безбедносните услови во рудникот Бучим. Линк:http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6127EC63B9F0304488D991893BC35BE8 МИА, 13.02.2008 Рудникот Бучим ќе ги прочистува водите Kратка содржина: Рудникот Бучим ќе ги прочистува водите што влегуваат и излегуваат од јаловиштетото на рудникот. Парите, во висина од 1,2 милиони долари се обезбедени преку проект на УНДП, а со 400 илјади евра во средства и опрема учествува и рудникот Бучим. Цел на овој проект ни е да ги лоцираме т.н. жешки точки во регионот. Проблемот со загадувањето на водите во регион е одамна и затоа се решивме да го отстраниме, изјави Марија Луиза да Силва, директор на УНДП. Линк: http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/427531/index.htm УТРИНСКИ ВЕСНИК, 25.02.2008: Еколошките проблеми на рудникот Бучим ќе се решат
Kратка содржина: Еколошките проблеми во околината на рудникот за бакар "Бучим" ќе се решат со 1,5 милион евра. Во почиста почва, вода и воздух на локацијата во близина на рудникот инвестираат владата на Кралството Холандија со 825.000 евра и сопственикот на рудникот, руската компанија "Солвеј" со 525.000 евра. Холандската влада преку УНДП финансиски поддржа неколку еколошки проекти во Македонија и во Црна Гора. Екологијата околу рудникот е еден од таквите приоритети. Голема беше улогата на Министерството за екологија кое ги водеше сите работи околу добивањето на холандскиот грант, вели Николајчо Николов, заменик-генерален директор на "Бучим".
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9A4447E3D3EB06428C39E71DDC995E46 ДНЕВНИК, 13.03.2008 Бучим доби 1,2 милиони американски долари за справување со еколошките проблеми Kратка содржина: Радовишкиот рудник за бакар „Бучим“ ќе се справува со загадувањето, со донација од 1,2 милион американски долари од Кралството Холандија. Донацијата е преку Програмата за развој на ООН (УНДП), а во координација со Министерството за животна средина. Првите ефекти од проектот се очекуваат по две години. Линк: http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=F0CB6EE9D611954882B43DB74F126FE4&arc=1 ВЕЧЕР, 14.03.2008 Ќе се прочистуваат водите на рудникот Бучим Kратка содржина: Рудникот Бучим ќе ги прочистува водите што влегуваат и излегуваат од јаловиштетото. Парите за овој проект, во износ од 1,2 милиони долари, се обезбедени преку УНДП, а со 400.000 долари во средства и опрема учествува и рудникот Бучим. Проблемот со загадување на водите во регионот е од порано и затоа решивме да го отстраниме - изјави Марија Луиза да Силва, директор на УНДП. Парите за инсталирањето на прочистителната станица ги обезбеди холандската Влада. Другиот дел од проектот е наменет за уредување на просторот околу рудникот "Лојане". Линк:
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2DF2A167DC82734E84C77935B7FA39CC |
Македонија
Прес клипинг