EnglishMacedonian
Рудникот Бучим го прослави "Денот на Рударите" ПДФ

dsc04252.jpgНа 28 Август 2008, рудникот Бучим од Радовиш го прослави "Денот на Рударите" и Православниот религиозен празник "Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)" како заштитник на рударите на Македонија.

Истиот ден беше планирана и работна посета на рудникот Бучим од страна на регионалниот тим на УНДП за животна средина од Подгорица, Црна Гора кои беа придружени од Г-ѓа Анита Коџоман, УНДП Програмен Офицер и вработените во Проектот Хот Спотс, Г-дин Владимир Ставриќ, Проектен Менаџер  и Г-дин Ардиан Скикули, Проектен Асистент

По повод празникот, Г-дин. Николајчо Николов, Заменик Генерален Директор на Бучим оддржа поздравен говор заблагодарувајќи им се на присатните и накратко изнесе податоци за овогодинешните успеси на рудници Бучим и истовремено се осврна и на прашањата од областа на животната средина, како прашања на кои треба да им се посвети посебно внимание  и кои треба да се решат.

"Благодарејќи на залагањето на нашата Влада и искажаната готовност на Кралството Холандија, ние успеавме да добиеме грант преку УНДП во износ од околу 1 милион евра со наше учество со средства и пари од околу 500 илјади евр, со што се створени предуслови за потемелно решавање на ова прашање и веќе се гледа можноста водите и воздухот од Бучим да бидат чисти. Затоа во оваа прилика срдечно им се заблагодарувам на Владата на Кралството Холандија и УНДП за помошта", меѓу другото нагласи Г-дин Николов.

Непосредно по говорот, Г-дин Николов им додели плакети и симболична сума пари на најдобрите работници на Бучим. 

Плакета и се додели и на Г-ѓа Мариа Луиса Силва Мејиас, Постојан Претставник на УНДП во Македонија, кое беше предадено на Г-ѓа Анита Коџоман, како признание за залагањето за адресирање и решавање на прашањата од областа на животната средина во околината на Бучим.   

 
< Претходно   Следно >
experts_logo.png

За проектот

Целта на 30 месечната програма е подобрување на состојбата на животната средина и квалитетот на живеење на граѓаните кои живеат во и околу загадените области на нај економичен начин.karta_mala.gif Vrbas ugljevik tuzla mojkovac bajza Trebca Lojane Bucim

albania-bajza.jpg Бајза - Албанија
Прочистување на складиште со токсични отпадни хемикалии
bih-tuzla.jpg Тузла - БиХ
Намалување на загаденоста на воздухот 
bih-ugljevik.jpg Угљевик - БиХ
Системи за деминерализација и декарбонизација
macedonia-bucim.jpg Бучим - Македонија
Превенција од понатамошно загадување
macedonia-lojane.jpg Лојане - Македонија
Отстранување на опасен отпад
montenegro-mojkovac.jpg Мојковац - Црна Гора
Прочистување на јаловиште
serbia-vrbas.jpg Врбас - Србија
Конструкција на главен колектор на отпадни води
kosovo_artana.jpg Трепча, Артана - Косово
Анализи на локацијата 
kosovo_stari_trg.jpg Трепча, Стари Трг - Косово
Анализи на локацијата 
You are here  :Регионална канцеларија arrow Македонија