|
Регионалниот тим на УНДП во работна посета на проектот жешки точки |
|
На работна посета на роектот на УНДП ремедијација на "жешки точки" , Македонија, беа претставниците на менаџерскиот тим за Западен Балкан на програмата на УНДП за животна средина, Г-ѓа Сања Бојаниќ, Г-ѓа Снежана Драгојевиќ и Г-дин Стјуарт Вилиамс.
Целта на оваа работна посета беше подетално запознавање со прогресот на имплементацијата на проектот жешки точки во врска со динамиката на имплементирање на проектните активности, разните технички прашања, ко-финансирањето, проценка на потребите, подигнување на свеста и активностите за градење капацитет.
Програмскиот менаџерски тим одржаа состаноци со Г-ѓа Анита Коџоман, програмен офицер на УНДП, проектниот персонал на"жешки точки" како и со одговорните лица од Министерството за животна средина и просторно планирање, како национални партнери.
На 28 Август 2008 се организираше посета на проектната локација рудници Бучим-Радовиш, што коинцидираше со "денот на рударите" на Македонија, при што беше организиран и официјален прием.
|