EnglishMacedonian
Започна проектот еколошки жаришта во Бучим, Радовиш ПДФ

Рудникот Бучим од Радовиш ќе почне со справување со загадувањето преку проект на УНДП и донацијата од 1.2 милиони долари од страна на Кралството Холандија. . 

Рудникот учествува со опрема во вредност од 400.000 ЕУР. Вчера беше потпишан меморандум за разбирање од страна на Г-ѓа Марија Луиса Силва Мехиас, постојан претставник на УНДП и Г-дин. Василиј Барутскиј, генерален директор на Бучим, во присуство на холандскиот амбасадор во Македонија, Г-ѓа Симоне Филипини.  парите од донацијата ќе се искористат за прочистување на отпадните води од Бучимски и Јасенов Дол и за решавање на таканареченото историско загадување. Првите ефекти од проектот се очекуваат по две години. Г-ѓа Силва Мехиас рече дека овој проект е многу важен бидејќи негова цел е адресирање на таканаречените еколошки жаришта. Проектот за намалување на загадувањето моментно се имплементира во во пет земји од Балканот и Македонија е шеста. Девет локации кои највеќе страдале од индустриско историско загадување и на кои им е потребна индустриска обнова, прочистителни и нови економски иницијативи се селектирани од вкупно шест земји/територии од Западен Балкан за да бидат дел од досега најобемната регионална иницијатива од обласат на зачувување на животната средина и одржлив развој. Во Македонија, рудниците Лојане и Бучим се идентификувани како приоритетни жаришта и се првите пилот локации на дејствување. Граѓаните од околното село Тополница го подржуваат овој проект, додека експертите на УНДП кои работат на имплементацијата на проектот рекоа дека ефектите во скоро време ке бидат забележливи. (Канал 5, Сител, Телма, МТВ1, Дневник, Вечер)    

 


 

 
< Претходно   Следно >
experts_logo.png

За проектот

Целта на 30 месечната програма е подобрување на состојбата на животната средина и квалитетот на живеење на граѓаните кои живеат во и околу загадените области на нај економичен начин.karta_mala.gif Vrbas ugljevik tuzla mojkovac bajza Trebca Lojane Bucim

albania-bajza.jpg Бајза - Албанија
Прочистување на складиште со токсични отпадни хемикалии
bih-tuzla.jpg Тузла - БиХ
Намалување на загаденоста на воздухот 
bih-ugljevik.jpg Угљевик - БиХ
Системи за деминерализација и декарбонизација
macedonia-bucim.jpg Бучим - Македонија
Превенција од понатамошно загадување
macedonia-lojane.jpg Лојане - Македонија
Отстранување на опасен отпад
montenegro-mojkovac.jpg Мојковац - Црна Гора
Прочистување на јаловиште
serbia-vrbas.jpg Врбас - Србија
Конструкција на главен колектор на отпадни води
kosovo_artana.jpg Трепча, Артана - Косово
Анализи на локацијата 
kosovo_stari_trg.jpg Трепча, Стари Трг - Косово
Анализи на локацијата 
You are here  :Регионална канцеларија arrow Македонија