|
На 12 март 2008 година, во 10:30 ч., во просториите на Рудникот Бучим – Радовиш, Постојаниот координатор на Обединетите нации / Постојан претставник на УНДП, Г-ѓа Mарија Луиза Силва Мехиас, и генералниот директор на Рудникот Бучим, Г-дин Василиј Барутскиј ќе потпишат Меморандум за соработка на проектот „Одржливо управување и справување со загадувањето во рудниците Бучим и Лојане“. На потпишувањето ќе присуствува и Н.Е. Амабасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Г-ѓа Симоне Филипини, како и Градоначалникот на Радовиш, Г-дин Роберт Велков.
Проектот е дел од регионалната Програма „Зајакнување на капацитетите на земјите од Западен Балкан за интегрирано справување со еколошките жаришта“, финансиран од Кралството Холандија со вкупно 15 милиони американси долари, а го спроведува УНДП (Програмата за развој на ООН) во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија и Косово. Секоја национална компонента предвидува справување со едно до две приоритени еколошки жаришта, со делумно расчистување и конзервација на историското загадување и интегрално спречување на загадувањето во иднина. Проектот е координиран со Министерството за животна средина и просторно планирање. Имплементација на проектот ќе биде ко-финансирана од страна на сопствениците/концесионери на рудниците во висина од околу 50% од висината на средствата обезбедени од донаторот – Кралството Холандија.
"Целта на оваа програма е да се постигне подобрување на состојбата на животната средина и по квалитетен живот на граѓаните кои што живеат во и околу загадените подрачја преку превземање рентабилни мерки,подобрување на политиката на дијалог на локално и национално ниво и обезбедување домашни професионални услуги во секторот за менаџирање на животната средина," , по овој повод нагласи Г-ѓа Силва Мехиас. Таа исто така додаде дека: "Предложените интервенции од оваа програма се насочени во правец на адресирање на историската загаденост и превенција на идното загадување на водите, воздухот и почвата од минатото и сегашното експлоатирање на рудниците. истовремено, оваа програма ќе овозможи создавање на Јавно Приватно партнерство помеѓу државата и новите сопственици на рудниците, што би претставувало добар пример за слични понатамошни партнерства."
|